Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот. Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот. Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Според обичаите, утрото на Бајрам масовно се посетуваат џамиите. Се облекуваат најубавите работи како за на слава, а се излегува со „тегбир“.
Ова е само еден од неколкуте дена во годината, кои ги поврзуваат граѓаните во државава токму преку нивната различна верска определба. Муслиманите ќе го слават еден од најголемите празници, а христијаните, пак, ќе изразуваат почит кон своите соседи и сограѓани. Така е зашто македонскиот мултирелигиски соживот има длабоки корени во земјава, но токму за време на празниците тој е и најмногу видлив. Продолжува традицијата на почит едни кон други, без разлика на религијата, и без разлика на опкружувањето, состојбите и наметнатите околности. Оние што имаат свои блиски пријатели муслимани ќе ги посетат за празникот, повеќето од нив ќе разменат честитки преку телефон, но и преку социјалните мрежи.
Месецот рамазан, во кој муслиманите постеа, односно не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце, е деветтиот месец во исламскиот календар, а наедно е и месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите Куранот. Токму по завршувањето на постите, муслиманите го слават празникот Рамазан-бајрам. Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-бајрамска молитва, потоа се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и блиските. Празникот прво им се честита на најстарите, а потоа на другите. Помладите секогаш одат кај постарите. За славењето на денот се приготвуваат и се служат традиционалните бајрамски јадења (бајрамско месо, аландити и баклава). Празникот се слави три дена и за цело време се оди на честитање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град