Израелскиот премиер во посета на Египет

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува денеска во Египет каде ќе се обиде да оформи коалиција против Иран и да размени идеи за блискоисточниот мировен процес.

 |  Крсте Голабовски  | 
Benjamin Netanjahu
Бењамин Нетањаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе престојува денеска во Египет каде ќе се обиде да оформи коалиција против Иран и да размени идеи за блискоисточниот мировен процес.

За време на првата посета на некоја арапска држава откако дојде на чело на израелската влада, Нетанјаху ќе се обиде да пронајде заеднички ставови со египетските лидери непосредно пред клучното патување во Вашингтон што треба да се реализира кон крајот на овој месец.

Одлуката на Нетанјаху да се состане со египетскиот претседател Хосни Мубарак пред состанокот со претседателот на САД; Барак Обама го потврдува неговото уверување дека е време да се „интензивира координацијата и соработката на Израел со арапските држави кои што веруваат во мир“, изјави претставник од кабинетот на Нетанјаху.

Benjamin Netanjahu„Наша заедничка цел е желбата да се зајакне регионалната стабилност и да се напредува во блискоисточниот мировен процес“, изјави претставникот кој побара да остане анонимен. „Нашите заеднички закани се Иран и неговите регионални приврзаници, Хезболах во Либан и Хамас во Газа“, додаде истиот извор.

Египет претходно побара од израелскиот лидер да ја прифати идејата за палестинска држава која што има поддршка од меѓународната заедница.

Стапувањето на Нетанјаху на чело на израелскиот кабинет лошо е прифатено во арапскиот свет поради неговиот „тврд“ став кон идејата Израел да ги препушти териториите освоени во блискоисточните војни, како и одбивањето да ја поддржи државата на Палестинците.

Нетанјаху, од друга страна се надева дека ќе ги промени приоритети во регионот насочувајќи се на Иран како на главна закана за стабилноста на Блискиот исток

Јорданскиот кралот Абдула II за лондонски Тајмс изјави дека администрацијата на претседателот Барак Обама притиска на сеопфатен мировен договор што треба да го реши израелско-палестинскиот конфликт, како и територијалните спорови на еврејската држава со Сирија и Либан

Неуспехот да се постигне договор на овој критичен јазол ќе го одведе светот во нова блискоисточна војна следната година, предупреди кралот.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top