Бројот на регистрирани случаи на лица инфицирани со вирусот на H1N1 грипот А во Мексико се искачи на 300, соопштија мексиканските здравствени власти.
Бројот на регистрирани случаи на лица инфицирани со вирусот на H1N1 грипот А во Мексико се искачи на 300, соопштија мексиканските здравствени власти.
Во соопштението се наведува дека медицинските екипи досега извршиле тестирање на вкупно 679 лица за кои постоло сомневање дека се инфицирани со вирусот, при што неговото присуство е регистрирано кај 300 од нив.
Мексиканскиот министер за здравтсво Хозе Кордoба соопшти дека влaстите досега потрошиле околу 1,6 милијарди пезоси (116 милиони долари) за лекови и опрема за справување со болеста.
Според официјални податоци од H1N1 грипот А досега во Мексико починале вкупно 12 лица.
САД најавија дека на Мексико ќе му донираат 400.000 вакцини против грипот, кои ќе бидат дел од пакетот од вкупно 13 милиони вакцини што дополнително ќе ги набават американските власти. За таа цел ќе бидат потрошени 251 милион долари.
Федералните власти на САД поседуваат околу 50 милиони дози на лекови против вируси на грип, а одделни сојузни држави располагаат со уште 23 милиои дози.
Светската здравствена организација (СЗО) синоќа објави дека ќе престане да го користи називот за болеста „свински грип“, за да се избегне забуна дека болеста се пренесува од свињи на луѓе и ќе го употребува името „H1N1 грип А“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град