Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата. Постојано поплаки за инсулинот пристигнувaат до општинското здружение на дијабетичари. Пациентите се сомневаат дека причината можеби е во таканаречениот паралелен увоз на инсулин.
Диајбетичарите од Струга кои користат инсулинска терапија реагираат на неквалитетен инсулин и апарати за мерење на шеќер во крвта. Иво Дукоски и Минир Зиба, корисници на инсулин укажуваат на променетиот квалитет на инсулинот која ги загрижува, како и многумина дијабетичари кои се на инсулинска терапија.
„И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто не е во ред.Треба да се преземе нешто“, напоменува Иво Дукоски, претседател на здружение на дијабетичари, Струга.
„Јас земам инсулин „Ново микс“ веќе 20 години, но во последно време инсулинот не ми помага. Двапати земам, по 34 единици наутро и 34 навечер, а попладне земам плус таблета за шеќерот. Квалитетот на „нова микс“ е многу слаб , сменет е во целосно не е тој ново микс како порано. Овој инсулин што го земаме не е квалитетен, не помага. Мене како личност не ми помага“, реагира Минир Зиба, пациент од Ливада.
Дијабетичарите до своето здружението не се жалат само на инсулинската терапија , туку пациентите укажуваат и на лошиот квалитет на апаратчињата за мерење шеќер во крвта, вели Дукоски. Додава дека апаратчињата се катастрофални. Сите кажуваат различни вредности. Вредноста да е една единица не е проблем, но покажува огромна вредност до десет разлика. Мора под итно да се сменат тие апаратчиња и да ни се дадат поквалитетни апаратчиња“, реагира Иво Дукоски- претседател на здружение на дијабетичари, Струга.
Од струшката болница информираат дека моменталната состојба е добра, испорачани се сите видови инсулински терапии. Се надеваат дека пациентите наскоро ќе почнат да добиваат поквалитетни апарати и ленти.
„Уште јули и август се врши испорака на стариот тендер на апарати. Така да од септември има нов за апарати. Од следниот се надеваме дека на подобар тендер подобар избор е направен. За квалитетот на инсулин од Министерство за здравство прво се прави проверка на инсулинот, па потоа дава одобрение и потоа се пуштаат до центрите“, информира Јасмина Ќелешоска-фармацевт од болничката аптека.
Во Струга, загрижува податокот на зголемување на бројот на ново откриени дијабетичари. Најмалиот струшки пациент е само на десет месечна возраст. Особено на удар е помладата популација која е на инсулинска терапија. Вкупниот број е околу 9000, од кои 2000 дијабетичари се на инсулин.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град