Руски воен брод зароби 29 пирати крај брегот на Сомалија

Руски воен брод Адмирал Пантелеев зароби синоќа пиратски брод со 29 лица на него во Аденскиот Залив, во близина на брегот на Сомалија.

 |  Крсте Голабовски  | 
pirati
пирати

Руски воен брод Адмирал Пантелеев зароби синоќа пиратски брод со 29 лица на него во Аденскиот Залив, во близина на брегот на Сомалија.
Чамецот бил запленет на 24 километри од сомалискиот брег, јавија руски медиуми повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана.
За време на претресот биле откриени опрема за сателитска навигација, автоматски пушки, пиштоли и голема количина муниција.  

akcija„Тоа ни укажува да претпоставиме дека таа група пирати се обидела во два наврата без успех да преземе танкер со руски екипаж кој вчера минувал низ оваа област“, изјави за руски медиуми извор од МО.

Русија е една од поморските сили чии воени бродови се наоѓаат во регионот за да го заштитат одвивањето на поморскиот сообраќај во Аденскиот Залив од сомалиските пирати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top