Основците ја истрчаа километарската Трка на различностите. Организаторите на Охрид трчат задоволни од пројавениот интерес на учениците од Охрид, Струга, Кичево, Дебрца. Пред главниот спортски настан на 3 јуни следува трката за децата од градинките.
Над 200 основци од Охрид, Струга, Кичево и Дебрца ја истрчаа километарската „ Трка на различностите“. На најдобрите спортисти им беа врачени награди. Во женска конкуренција првите три места ги освоија Марија Шипинкоска од ОУ„ Христо Узунов“, Драгана Усовиќ од истото училиште и Александра Петреска од ОУ„ Браќа Миладиновци“ од Струга. Во машка конкуренција на првите три места се пласираа Филип Ѓоргоски од ОУ „Христо Узуно“в, Атанас Куциноски од „Христо Узунов“ и Климент Филев од „Св Климент Охридски“. Организаторите на “Охрид трчат“ задоволни од пројавениот интерес на ученици.
„ Очекувавме ваква бројка. Бевме во постојан контакт со колегите оваа трка ја работевме со Сојузот на училишни спортови од Охрид. Но она што не изненди е еланот и желбата на децата кои сакаа да земат учество на трката. Имавме деца од Охрид, Струга, Кичево и Дебрца. Убаво искуство и за нив и за нас“, вели Бујарсока Ангелеска од Асоцијацијата Спорт за сите-Сите за спорт.На најдобрите спортисти во Трката на различности кои освоија први места во машка и женска конкуренција медали им врачи охридскиот градоначалник Јован Стојаноски. Како град сме задоволни и поскауваме овој спортски настан и понатака да трае, кажа Стојаноски .
„ Општина Охрид го поддржа спортскиот настан и го има во својата програма. Во пресрет на главниот настан се одржуваат повеќе трки кои се за поддршка. Предизвикуваат будење на енергијата и сме задоволни“, напомена Стојаноски при доделувањето на медалите на најуспешните учесници на трката.
Пред главниот спортски настан „Охрид трчат“ на 3 јуни, кога ќе се трча на 5 и 10 км, ќе се одржи и трката за децата од градинките, информираат од Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт, организатори на спортскатата манифестација Охрид трчат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град