Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска ќе пристигне во посета на Тирана на средби со официјални албански претставници.
Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска ќе пристигне во посета на Тирана на средби со официјални албански претставници.
Според најавите, Карманлис ќе се сретне со премиерот на Албанија Сали Бериша, а на агендата се и средби со албанскиот претседател Бамир Топи, како и со претседателката на Собранието Јозефина Топали.
Предвидено е грчкиот премиер, во текот на еднодневниот престој, да има состанок и со опозициониот лидер и претседател на Социјалистите Еди Рама, и со претседателот на Православната црква Анастас.
Тој ќе има и свое обраќање во албанскиот Парламент.
Протести на организацијата “Чамериа“ се одржаа вчера во Тирана каде е побарано враќање на имотите на Чамите во Грција.
Претседателот на оваа Организација Ариан Тана упати барање до грчката Амбасада во Тирана за средба со премиерот на Грција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град