На почетокот од летото ќе се одржи Фестивалот на охридската черешна. Во екот на бербата во туристички цели ќе се промовира цреша. Домашните и странските гости ќе може да вкусат плодови од црешни и различни специјалитети подговени од ова овошје. Охридските црешни „црна“ и „долгашишка“ станаа заштитен бренд овошје со географско потекло.
Во месец јуни, кога е екот на бербата на црешите во Охрид ќе се одржи Фестивал посветен на охридската черешна. Со спојот на ЕД Грашница, на Здржението Охридска черешна од Лакочереј и на Здружението на пчелари Охрид ќе придонесува за создавање услови за успешен бизнис во одгледувањето на цреши. Проектот е поддржан финансиски од Локалната самоуправа. Со презентација на овошје и продукти од цреши низ музика и фолклор наша намера е ова овошје што повеќе да го доближиме до купувачите, но и до туристите, напоменува Борис Стојаноски од ЕД Грашница.
„ Со повеќе активности ќе дадеме придонес да се презентира пред локалната јавност, а повеќе за гостите. Ние мислиме дека во хотелските обејкти не се конзумираат доволно локалните производи. Во гастрономската понуда се нудат продукти од Струмица, Турција и од други места, вели Стојаноски.
На фестивалот на охридската черешна ќе се понудат различни гастрономски специјалитети. Ќе бидат изложени колачи и торти, како и слатко од цреши , но и и други специјалитети подготвувани од домаќинствата на производителите кои ќе бидат дел од фестивалот, кажува Џамтоски.
Во охридскиот крај во пораст е одгледувањето на црешовите садници. Јаболковите насади се повеќе место отстапуваат за садење на плантажи со црешна. Тоа се должи на исплатливоста за одгледување поволната продажна цена која достигна и до 1 евра по килограм. Од минатата година во светскиот регистар со географско потекло од РМ се запишаа две сорти охридска цреша. Охридските црешни „црна“ и „долгашишка“ станаа заштитен бренд. Напорите на задругата „Охридска черешна“ и Институтот за земјоделие од Скопје резултираа со признавање на географско потекло на овие две сорти овошје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град