За прв пат утре на релацијата Истанбул- Охрид ќе се воспостави чартер линија. Еднаш неделно во текот на 22 недели со еарбас ќе се лета во двете насоки. Интересот во Турција за посета на Охрид и за Балканските кружни тури е огромен. За првиот лет се бараше карта повеќе, велат задоволно турските туроператори од Tatil budur и BTB.
На охридскиот аеродром утре ќе допатуваат 180 гости од Турција со првиот чартер лет што ќе сообраќа на релација Истанбул-Охрид. Ова е прва чартер линија со која ќе слетуваат и полетуваат туристите од и во Охрид. Со туристичкиот 7 дневен аранжман вклучена е Балканска кружна тура со три ноќевања во Македонија, од кои две се во Охрид. Сопствениците, на најголемиот тур оператор во Турција Татил будур, Џијан Сарај, и локалниот туроператор о дБТБ, Сејфедин Куртиш, и двајцата со потекло од Македонија, се задоволни што по 4 годишно истражување на турискиот пазар ќе стартува чартер линијата Истанбул – Охрид. Голем е интересот кај турските туристи за посета на Охрид и регионот. Има гости кои биле еднаш или два пати во Охрид и посакуваат повторно да се вратат. Во првите години во посета на Охрид и Македонија доаѓале гости со потекло од овие краеви, сега се интересираат и гости кои за Охрид и земјава се информирале од рекламите кои ги има насекаде низ Турција, напоменува Сејфедин Куртиш сопственик на туроператорот БТБ.
„Во потрага по корените беше пред 10 години. Првите години тие доаѓа како иселеници од тука од Македонија или Босна. Но сега доаѓаат гости кои немаат никаква врска со регионот. Рекламите во Турција се важни и турските државјани во Европа треба да одат со визи, а во регионот нема визи. Тоа е многу позитивно и со една посета може да посетат 5-6 држави. Има три ноќевања во Македонија, две во Охрид и едно во Скопје и доаѓаат гости“, појаснува Куртиш кој имал стратегија пред 4 години да ја воведе чартер линијата Истанбул Охрид.
Според статистичките податоци турските гости се најбројни туристи во земјава. Тие тука се чувствуваат како дома, љубезноста на македонците, езеро како море и богатата историја и култура се привлечни за нив, кажуваат турските туроператори. Џијан Сарај, директор на outgoing аранжманите од Татил будур, напоменува дека годишно со нивната агенција низ цел свет и во Турција имаат 1 милион гости. Нивна стратегија е насекаде во светот да им нудат на туристите одмор со најдобра услуга и најефтина цена. Тоа правило важи и за Балканската тура.
„За релацијата Балкански тури имаме одделено 1 милион евра буџет. Имаме аранжамани од 249 и 279 евра за 7 ноќевања со вклучен авио превоз. Во моментов се вклучуваат и автобуските тури кои ги имаме со најефтини цени. Бидејќи и јас имам корени од тука мислам дека требаше нешто да направам. Охрид е популарна дестинација иако за Охрид не се знае толку колку што заслужува, а за Турција е многу популарна дестинација Балканот и затоа се одлучивме на оваа акција“, вели Сарај.
Со чартер летовите на релација Истанбул – Охрид се очекуваат на охридскиот аеродром да допатуваат околу 3500 гости. Годинава со автобуските тури и другите авио компании во регионот се очекува да претстојуваат околу 50.000 туристи од Турција. Турските туроператори за воспоставување на чартер линијата упатуваат голема благодарност до градоначалниците, министрите, амбасадорите, конзулите и граѓаните кои дале поддршка за реализација на чартер летот Истанбул Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град