Успешно модно претставување на охридската креаторка Моника Коцарева на модната недела во Скопје. Со колекцијата Boundless Koцарева се претстави со модели изработени од свила , чипка и жоржет. Коцарева по трет пат е дел од големото модно случување во земјава.
Охридската модна дизајнерка Мoника Коцарева со свои креации учествуваше на Fаshion week во Скопје. Младата креаторка е задоволна од организацијата и од своето претставување на модната колекција насловена како Boundless. Модната колекција е доведена до безграничност, со цел жената која ќе ги носи да нема ограничувања. Моделите се наменети за жената која дефинира свој личен стил и одбива да се вклопи во стереотипите во животот и модата. Таа е таму каде што сака да биде, самостојна, реализирана и ужива во поместување на границите на модните наметнувања. Целата колекција изобилува со комбинации во 3 бои, парчиња со нагласен струк, голи раменици, набори, транспарентни делови , вели Коцарева за својата нова колекција.
„Користени се неколку видови материјали како свила, чипка, жоржет. Креациите содржат доста наметки кои можат и да се тргнат. Фустанот може да се носи во два дела со и без наметка. Има доста рачна работа во креациите. Рачно се изведувани со бисери и опашки“, нaпоменува Коцарева.
Модната дизајнерка Моника Коцарева успеа да ги исполни модните критериуми на организaторот. Таа со свои 13 креации по трет пат беше дел од најголемото модно случување во земјава .
„ Подготовката на колекцијата траеше неколку месеци. Има доста работа. Секоја креација е изработена со љубов и внимание без брзање. Моделите се уникатни и секоја зборува сама за себе поинаква приказна“, вели задоволно Коцарева.
На тридневниот настан Fashion week во Скопје, учествуваа околу 15 тина креатори од земајва и регионот. Моника Коцарева беше единствената охриѓанка меѓу младите модни дизајнери и оние кои веќе се етаблирани во светот на модата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град