Вооружен маж кој неколку часа рано изутрината држеше како заложници патници во авион на канадската авиокомпанија на меѓународниот аеродром во Монтего Беј на Јамајка, ослободи 167 од нив, но во авионот останаа уште пет членови на екипажот и двајца патници и во тек се преговорите со киднаперите.

Повикувајќи се на Радио Јамајка, американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен јави дека се слушнал еден истрел, но оти нема повредени меѓу патниците во авионот на компанијата „Кенџет“ кој требаше да полета од аеродромот „Сангстер“ од Монтего Беј на Јамајка кон Халифакс во Канада.
Медиумите јавија дека вооружениот маж успеал да влезе во авионот со лажни документи неколку минути пред полетувањето на авионот во 3 часот и 30 минути по средноевропско време.
Како што јави Си-Ен-Ен, една од патничките Бренда Грениер успеала да му телефонира на својот сопруг во Канада и да го информира дека еден маж незабележително влегол во авионот и оти ги држи патниците како заложници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град