Охридските теквондисти викендов на турнир во Добој

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на меѓународен теквондо итф турнир ДОБОЈ ОПЕН 2017 во Добој,БиХ. кој е еден од најјаките турнири на Балканот.

 |   | 

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на меѓународен теквондо итф турнир ДОБОЈ ОПЕН 2017 во Добој,БиХ. кој е еден од најјаките турнири на Балканот.

На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , 18 натпреварувачи ќе ги одмерат силите во две дисциплини спаринг-борби поединечно и форми поединечно, неколку јуниори и сениори ќе натпреваруваат во тест на снага и специјални техники.

Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top