Наздравје да ни е! Нуклеарна централа ке никне во близина на Скадар!

Премиерите на Албанија и на Хрватска би требало кон крајот од месецов да потпишат спогодба за изградба на заедничка нуклеарна електрана во близина на Скадар, пишуваат црногорските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
centrala
централа

Премиерите на Албанија и на Хрватска би требало кон крајот од месецов да потпишат спогодба за изградба на заедничка нуклеарна електрана во близина на Скадар, пишуваат црногорските медиуми.

Централата, според истите извори, ќе чини околу четири милијарди евра, а нејзиниот капацитет ќе биде околу 1.500 мегавати.

Изградбата ќе ја изведува “Хрватското електростопанство“, а поголемиот дел од произведената енергија ќе се доставува во Хрватска, наведуваат гласилата.

SkadarОфицијална Подгорица соопшти дека не добила понуда да учествува во проектот за изградба на атомска централа на брегот на Скадарското езеро, чиј дел припаѓа и на Црна Гора.

Црногорското Министерство за туризам и заштита на животната средина потсетува дека во Црна Гора е на сила Закон за забрана на изградба на нуклеарни објекти, донесен во 1995 година.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top