Потрагата по преживеаните по катастрофалниот земјотрес кој минатиот понеделник го погоди централниот дел на Италија, е завршена денеска, а билансот на загинатите достигна 294 лица.
Потрагата по преживеаните по катастрофалниот земјотрес кој минатиот понеделник го погоди централниот дел на Италија, е завршена денеска, а билансот на загинатите достигна 294 лица.
Последната жртва на потресот е 59-годишен маж кој за време на викендот починал во болница.
До вчераутро се пронајдени телата на сите исчезнати лица, но официјални претставници наведуваат дека не можат да ја исклучат можноста дека ќе бидат пронајдени уште загинати во урнатините на градот Аквила и другите погодени градови.
Илјадници луѓе кои останаа без своите домови вчера велигденската миса ја славеа во импровизирани капели во шаторските населби.
На мисата во Аквила присуствуваше и италијанскиот премиер Силвио Берлускони.
Во земјотресот беа повредени 1.170 луѓе. од кои 170 се наоѓаат во тешка состојба.
Тлото во погодената област се уште не се смирува, па така и вчера регионот Абруцо го погодија неколку потреси со интензитет околу три степени според Рихтер.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град