Бомбашки напад врз комплекс на банки во Атина

Бомба експлодира утрово пред деловна зграда во јужниот дел на Атина, во која меѓу останатите се наоѓаат и седиштата на грчката „Алфа Банка“ и на француската кредитна компанија „Сетелем“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Atina
Атина

Бомба експлодира утрово пред деловна зграда во јужниот дел на Атина, во која меѓу останатите се наоѓаат и седиштата на грчката „Алфа Банка“ и на француската кредитна компанија „Сетелем“.

Како што соопшти грчката полиција, при експлозијата е предизвикана само помала материјална штета и нема човечки жртви.

AtinaДосега никој не презеде одтговорност за овој бомбашки напад.
Минатата ноќ беше подметнат пожар во канцеларија на грчката владејачка партија Нова демократија во атинската населба Кипсели. И за овој напад досега никој не презеде одговорност.

Полицијата смета дека зад овие и зад повеќето слични напади во изминатиов период стојат анархистичките движења, кои ги засилија активностите во последниве месеци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top