Струшкиот клуб Снегар организира обуки за едрење.
Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини.
„Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе има клубски регати и тестирање на знаењето на челновите .Воа вгуст има регата во рамкиетан спсортколето. Следуваат државни меѓународни регати на Балканот“, напоменува Љушо.
Едриличарскиот клуб Снегар има долгогодишна спортска традиција. Постои од 1974 година, а низ неговите школи за едрење поминале бројни врвни едриличари. Во моментов во функционирањето и ЕК Снегар ја дели судбината со повеќето спортски клубови во земјава.
„ Како и другите спортови во Македонија нема пари што е и најголем проблем. Фали дел од опрема и нејзино обновување во последниве 2-3 години. Има технички проблеми околу бродската опрема и програмата за тренинг. Но обновен е кадарот и се надеваме дека таа работа е завршена “рече Ердал.
Уписите на кандидатите кои ќе сакаат да научат да едрат стартуваат од 18 јуни, а обуките ќе почнат од 20 јуни. Школата ќе работи два месеци до 20 август, секој ден од понеделник до петок.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град