Охрид викендов ќе трчаТ

Останува само еден ден од официјалниот почеток на долгоочекуваната спортска манифестација Охрид трчаТ.

 |   | 

Неделата на трчањето , забавата и дружењето ја започнуваме утре ( четврток ) со почеток од 10 часот со трката на 1000 метри за учениците од основните училишта поточно од деветто одделение. Трката ќе се одржи на Кеј Македонија во цела нејзина должина со старт во 10 часот пред споменикот на Ден Долард на самиот почеток на Кејот а ќе заврши пред споменикот на Св Кирил и Методиј.

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ школската трка ја организира заедно во соработка со Сојузот на училишен спорт Охрид и основните училишта на територија на Општина Охрид. Симболиката на почетокот на Охрид трчаТ викенд е повеќе од јасна, учениците, школите , спортското образование е иднината за сегашните и идни генерации така што се надеваме дека и оваа трка ќе придонесе за поголемо етаблирање на училишниот спорт во системот на едукацијата и развојот кај најмладите.

Во име на Охрид трчаТ викенд и во име на организаторот Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ми претставува особена чест да Ве поканам да присуствувате на школската трка и на таков начин со Вашето присуство спортски да ја збогатите и поддржите самата манифестација и учениците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top