Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Италија се искачи на 235 лица, според податоците на Цивилната одбрана.
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Италија се искачи на 235 лица, според податоците на Цивилната одбрана, соопштени доцна синоќа.
Претходно, болнички извори во најпогоденото гратче Аквила соопштија за 228 загинати.
Во земјотресот загинаа и најмалку пет македонски државјани, меѓу кои две деца.
Бројот на повредени е околу 1,000, а без покрив над главата се околу 17,000 лица.
Централна Италија во понеделникот ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, а во подрачјето до вторникот беа регистрирани уште најмалку 300 послаби потреси.
Најсилниот од нив беше регистриран во вторникот вечер со магнитуда меѓу 5,5 и 5,7 степени според Рихтер, а бил почувствуван и во Рим.
Нов силен земјотрес го погоди синока подрачјето на централна Италија, при што најмалу едно лице загина, јавуваат медиумите.
Земјотресот е регистриран само еден ден по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 200 луѓе во градот Акила.
Магнитудата на најновиот земјотрес се движела меѓу 5,5 и 5,7 степени според Рихтер, а бил почувствуван и во Рим. Вториот потрес за момент ги прекинал спасувачките акции, поради опасност под урнатините да настрадаат и спасувачите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град