Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги повика лидерите на 192 членки на ОН на самит за економската криза, што го закажа за во јуни во Њујорк.
Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги повика лидерите на 192 членки на ОН на самит за економската криза, што го закажа за во јуни во Њујорк.
Генералното собрание на ОН доцна синоќа ја усвои резолуцијата за одржување на конференција на високо ниво посветена на економската криза и нејзиното влијание, која ќе се одржи од 1-3 јуни.
Конференцијата ќе биде посветена на реформите и јакнење на меѓународниот финансиски систем.
Претседателот на Генералното собрание, никарагванецот Мигел Д’Еското Брокман изјави дека на овој самит ќе им биде овозможено на сите земји, а не само на лидерите на Г20, да учествуваат во потрага по решение за излез од најголемата економска криза по Втората светска војна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град