„Грилпарцер во секс-шоп“, елегантна и комично – шокантна претстава на режисерот Јован Ристовски

Претставата е работена според делот на Питер Турини, современ австриски драмски писател роден во Каринтија-Австрија, 1944 година, чии дела се преведувани на повеќе од триесет јазици, а драмските текстови се продуцирани на сите големи и  познати театарски сцени низ светот.

 |   | 

Претставата е работена според делот на Питер Турини, современ австриски драмски писател роден во Каринтија-Австрија, 1944 година, чии дела се преведувани на повеќе од триесет јазици, а драмските текстови се продуцирани на сите големи и  познати театарски сцени низ светот.

Приказната на драмата ја сочинуват два карактери Мажот и Жената.  МАЖОТ е продавач во секси шоп, кој работи на процент од продадените продукти, оженет за филипинка  на средовечна возраст и вооедно бивш суфлер од Виенскиот Бург Театар – Австрија и ЖЕНАТА-една префинета разведена  дама од високото општество, која прв пат влегува во секси шоп. Приказната е едноставна.

Дамата од љубопитност влегува во  продавницата,  а продавачот најљубезно и професионално ги презентира секс-реквизитите. Во таа ситуација  ликовите спонтано се запознаваат, и преку нивниот заплет ги откриваат на  комичен начин нивните фрустрации и комплекси. Со тоа индиректно авторот комплетно ни ја доловува денешната слика на европските граѓани и нивните современи судбини.

„Грилпарцер во секс шоп“ е комичен текст, во кој не постои никаква вулграност. Брилијантниот хумор на  Питер  Турини е тоа што го прави текстот добар и пријатен за читање и  гледање. Режисер на претсавата е Јован Ристовски, а играат Елена Моше и Александар Копања.

Инаку преставата е во продукција на НТБ и независен од Министерство за култура на Р.М , а својата премиера ја доживеа на 16-ти март годинава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top