Американскиот претседател Барак Обама синоќа допатува во Турција, која што е последната станица од неговата турнеја низ Европа, јавија агенциите.
Американскиот претседател Барак Обама синоќа допатува во Турција, која што е последната станица од неговата турнеја низ Европа, јавија агенциите.
Обама заедно со неговата сопруга Мишел, во Турција ќе престојува два дена.
Според најавите, Обама денеска во Анкара ќе се сретне со турските лидери, по што ќе одржи говор пред пратениците во турскиот парламент. Тој утре ќе го посети и Истанбул.
Една од главните причини за изненадувачки раната посета на Обама на Турција е да ги освои турските граѓани, чие што јавно мислење за САД во последниот период достигнало рекордни ниски показатели.
Обама минатата недела присуствуваше на самитот Г20 во Лондон, на самитот на НАТО во Стразбур и Кел, како и на самитот САД – ЕУ во Прага.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град