Охриѓани покренаа акција за хуманитарна помош на настраданото семејство Садик.
Охриѓани солидарни за ублажување на несреќата што го снајде семејството Садик. На апелот за помош се одзваа и охридските угостители. Охридскиот Mr.I покренува акција за собирање помош за семејството Садик, чиј дом изгоре неодамна во големиот пожар кој го пеплоса нивниот дом.
Оваа сабота со почеток во 14:00 од Mr.I најавуваат целодневна забава со цел да се соберат средства за помош на нашите сограѓани. За забавата ќе се погрижат: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јовче и DJ Тони.
Исто така во сабота со почеток во 13 часот кафе Аквариус организира хуманитарна забава со староградска музика.
Во помошта за семејтвото Садик се вклучи и Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад.Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон настраданото семејство Садик, ќе ја покажат со доброволно донирање и собирање парични средства и нивно уплаќање на наменската жиро сметка во Охридска банка за обнова на семејниот дом на Садик.
За помош на семејтвото Садик можат да се вклучат и останатите граѓани кои може да донираат средства на
трансакциона сметка: 5305000020258795, депонент Охридска Банка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град