Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама остана посветена на решение за две држави во израелско-палестинскиот конфликт.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама остана посветена на решение за две држави во израелско-палестинскиот конфликт.
“Остануваме на ставот за две држави. Во наш интерес и во интерес на целиот регион е Израелците и Палестинците да живеат едни покрај други во мир и безбедност“, изјави анонимен претставник на САД, кој е во делегацијата на Обама во Лондон, каде ќе учествува на Самитот Г-20.
Светските агенции синоќа пренесоа дека новиот шеф на израелската дипломатија, ултранационалистот Авигдор Либерман изјавил оти Израел не е врзан со договорите од Анаполис од ноември 2007 година за формирање палестинска држава.
Тој додаде дека “израелската Влада ниту Парламентот никогаш не го ратификувале“ документот од Анаполис.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град