Комплетирана листата на осминафиналисти во Лигата на шампиони

Шпанија со најмногу претставници во осминафиналето

 |  инфодеск  | 

Со одигрувањето на синоќешните осум натпревари од последното 6.коло во групната фаза, познати се сите 16 екипи кои ќе ги продолжат натпреварите во фудбалската Лига на шампиони.
Резултати на натпреварите одиграни синоќа:

Е група: Баер Леверкузен – Монако 3:0, Тотенхем – ЦСКА Москва 3:1.
Табела: Монако 11 бодови, Баер Леверкузен 10, Тотенхем 7, ЦСКА 3.

Ф група:Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 2:2, Легија – Спортинг 1:0.
Табела: Борусија Дортмунд 14, Реал Мадрид 12, Легија 4, Спортинг 3.

Г група: Порто – Лестер 5:0, Бриж – Копенхаген 0:2.
Табела: Лестер 13, Порто 11, Копенхаген 9, Бриж 0.

Х група: Јувентус – Динамо Загреб 2:0, Лион – Севиља 0:0.
Табела: Јувентус 14, Севиља 11, Лион 8, Динамо Загреб 0.

Покрај актуелниот европски шампион Реал Мадрид, во осминафиналето Шпанија ќе биде претставувана и од Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља.

Германија и Англија имаат по три претставници меѓу најдобрите шеснаесет и тоа: Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен од Бундес лигата, додека Лестер, Манчестер Сити и Арсенал од Премиер лигата.
По два претставника ќе имаат три земји: Јувентус и Наполи (Италија); Пари Сен Жермен и Монако (Франција); Бенфика и Порто (Португалија).

Воедно познати се и осумте екипи кои кои ќе ги продолжат натпреварите во нокаут фазата во Лига Европа. На екипите на: Лудогорец, Бешикташ, Борусија Менхенгладбах и Ростов, кои во вторникот го потврдија учеството во 1/16 финалето на Лига Европа, синоќа нив им се приклучија: Тотенхем, Легија Варшава, Копенхаген и Олимпик Лион.

Натпреварите ќе продолжат во февруари 2017 година, додека двојките за осминафиналето на Лигата на шампионите ќе бидат извлечени в понеделник на 12 декември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top