Закана од затвор за најдобриот играч на Арсенал

Ѕвездата на Арсенал се соочува со тешки обвиненија

 |  инфодеск  | 

Спрема пишувањето на дневниот весник на Барселона, El Periodico, чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез е обвинет за даночна измама за време на неговиот престој во Барселона од 2011 до 2014 година. Весникот исто така открива дека Санчез е соочен со можна затворска казна ако биде прогласен за виновен.

Државниот обвинител отворил истрага за пропуст во даночна пријава од 587.677 евра за 2012 година и уште за 395.766 евра една година подоцна. Играчот за врска на Арсенал, исто така, е обвинет дека трансферирал пари во оф-шор компанија на Малта под името Numidia Trading.

Санчез не е единствен играч на Барселона кој е обвинет за затајување на данок. Порано со ист проблем се соочија и Лионел Меси и Ксавиер Маскерано, а Меси призна две точки од обвинението за затајување од 1,5 милиони евра. Тој доби условна казна од 21 месец откако беше прогласен за виновен за избегнување на плаќање данок во Шпанија. Исто така, му е наложено дека мора да плати 1,7 милиони евра парична казна во јуни оваа година.

Ако Санчез го прогласат за виновен, веројатно ќе се соочи со слични последици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top