„Метју“ удри во САД

Бројот на жртвите во ураганот Метју во САД достигна 33 луѓе, соопштија во вторникот локалните власти коригирајќи го досегашниот податок за 27 смртно настрадани, пренесува „Макфакс“.

 |   | 

Бројот на жртвите во ураганот Метју во САД достигна 33 луѓе, соопштија во вторникот локалните власти коригирајќи го досегашниот податок за 27 смртно настрадани, пренесува „Макфакс“.

Како што пренесе телевизиската мрежа NBC News, 33-те смртни случаи се регистрирани во пет американски сојузни држави во југоисточниот дел од земјата. Најмногу загинати – 14 луѓе, се пријавени во Северна Каролина, каде што според гувернерот Пет Меккрори,уште три лица се водат како исчезнати. Другите смртни случаи се пријавени во државите Џорџија, Флорида и Јужна Каролина.

Покрај тоа, полициските службеници во Северна Каролина за време на поплавата застрелале вооружен маж, кој според соопштението на локалните власти, од засега неутврдени причини се однесува агресивно. Други поединост за овој инцидент досега не се соопштени.

Американскиот претседател Бара Обама објави состојба на природна катастрофа во Северна Каролина, со што ќе можат да се користат сојузните фондови за помош при справување со последиците од невремето.

Властите на оваа сојузна држава извршија евакуација во округот Леноар поради опасност од поплави предизвикани од ураганот. Според управата за јавна безбедност во оваа сојузна држава, спасувачите им укажале помош во текот на невремето и по неговото минување на повеќе од две илјади луѓе.

Националниот центар за следење на ураганите на САД објави во неделата дека ослабува силата на ураганот Метју кој ги погоди земјите од Карипскиот басен и југоисточниот брег на САД, до нивото на тропски циклон.

Ураганот Метју беше најсилниот на Атлантикот од 2007 година. По Хаити, каде што зад себе остави околу 400 жртви и опустоши неколку градови, а во Доминиканската Република предизвика четири смртни случаи, скршна кон југоистокот.

Сезоната на урагани на Атлантик трае вообичаено шест месеци, од 1-ви јуни до 30-ти ноември. Атмосферскиот феномен се класифицира како тропска бура и добива сопствено име, доколку брзината на ветерот во неговиот епицентар достигнува 17,5 метри во секунда. При брзина на ветерот од 32,8 метри во секунда и повеќе, бурата преминува во ураган, пренесува „Макфакс“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top