• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Струшката фабрика „Екоферт“ единствена за производство на органско ѓубриво во земјава и Балканот

Струшката фабрика „Екоферт“ единствена за производство на органско ѓубриво во земјава и Балканот

Струшката фабрика „Екоферт“ единствена за производство на органско ѓубриво во земјава и Балканот.

 |  Валентина Неловска  | 

„Екоферт“ е единствената струшка фабрика која во земјава произведува органско ѓубриво. Во фабриката се преработува и произведува нов производ на македонскиот пазар пелетрирано органско ѓубриво. Започнале скормно пред три години со преработка  и пелетирање на органското ѓубре кое досега завршувало неискористено и при тоа  ја загадувало животната средина. Во производниот процес на органското ѓубриво вклучиле  експерти од повеќе области за да дојдат до домашен конкурентен производ.  

„Долги години на искуство и релации и комуникации со професори , агрономи и технолози. Постигнавме ниво каде што  имаме продукт кој ги има сите потребни микроелементи и микроорганзими,  елементи и  својства потребни за еден продукт кој помага за  развој на растенијата“, информира Ајро.

Производите се санитарно исправни, пастеризирани и безбедни за околината. Со примена на производите на органските ѓубрива  „Екоферт“ се добиваат  извонредни ефекти во земјоделието и овоштарството. Органското, пелетирано и концентрирано ѓубриво овозможува подобрување на структурата на почвата како и правилен развој на растенијата.  Со нивната примена почвата ја задржува  влагата и температурата, а растенијата ги добиваат сите хранливи состојки. Директорот на Екоферт Арсим Ајро  напоменува дека има доволни колични на суровина за преработка во природно органско  ѓубриво.

„Суровината е добиена и е спремна. Има голема тонажа која чека да е се исчисти,  подготви и преработи. Во Македонија има повеќе суровина од што има потреба. Има повеќе количини од што може да се преработат , “напоменува Ајро.

Ајро кажува дека макотрпно сите овие години го заокружувале  прозиводниот процес за да дојдат до високо квалитетно  ѓубриво кое е конкуретно на домашниот и странскиот пазар. Нивните идни планови се зголемено присуство на нивните производи на домашниот пазар но и за извоз. Засега пласираат  количини во охридско-стушкиот регион, Битола, Тетово и Струмица, а извезуваат и помали  количини во Бугарија, Косово и Албанија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top