Германија оддели 400 милиони евра за нов шпионски систем на НАТО.
Германија одобри 400 милиони евра за финансирање на разузнавачки систем кој НАТО планира да го изгради до 2012 година на Сицилија, изјави синоќа неименуван германски претставник.
Системот на Алијансата за земско разузнавање (АГС) кој ќе му овозможи на НАТО испитување на поголеми површини од високи точки со помош на беспилотни летала, ќе биде сместен на италијанскиот остров Сицилија.
Проектот околу кој министрите за одбрана на НАТО постигнаа согласност во февруари, ќе ги чини државите членки околу 1,5 милијарди евра.
Најголема корист од проектот ќе има „Нордоп Грумен корпорацијата“ која треба да обезбеди осум беспилотни летала „Глобал хок“ и европската вселенска група ЕАДС која ќе изгради 15 земски станици.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град