Шеснаесет млади волонтери на Црвен крст Охрид во соработка со Црвен крст Охрид и Општинското средно медицинско училиште „Кирил и Методиј од Охрид се стекнуваат со нови знаења и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош и реанимација на повредени.
Шеснаесет млади волонтери на Црвен крст Охрид во соработка со Црвен крст Охрид и Општинското средно медицинско училиште „Кирил и Методиј од Охрид се стекнуваат со нови знаења и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош и реанимација на повредени.
Младите волонтери од црвениот крст од Охрид кои истовремено се и ученици во ССМУ„Св. Кирил и Методиј“, веќе единаесетти ден го посетуваат интензивниот курс за парамедици. Станува збор за обука на која идните и сегашни студенти по медицина се стекнуваат со нови знаења и техники во справување со најсложени ситуации и интервенции на укажување на прва помош и реанимација на повредени. Велат дека единствена причина за наивното учество на обуката е љубовта кон медицината и усовршување на нивните знаења. Учесниците на курсот се исзбрани според посебни критериуми од страна на инструктори-парамедици од Националниот здравствен сервис на Холандија. Обука од овој вид, според европските стандарди и протоколи, за прв пат се спроведува во Македонија, обасјнува Мимоза Ставрева, секретар на црвениот Крст од Охрид.
„Обуката е интензивна и напорна 8 часа на ден, меѓутоа нашите млади волонтери успеваат да го издржат овој напор и спрема она што ни го кажуваат нашпите инструктори и тренери кои доаѓаат од Националниот здравствен сервис на Холандија се радосни на прогресот кој го има кај овие ученици од првиот дек кога се запознаа со обуката па се до денешниот 11-ти ден од обуката“ вели Ставрева.
Теоретскиот и практичниот дел од обуката во овие 11 дена се одвиваше напоредно, велат инструкторите. За оние кои ќе го положат завршниот практичен и теоретски дел од обуката инструкторите се сигурни дека ќе бидат вооружени со знаења и многу добро обучени соодветно да одговорат на сутуација каде е потребно укажување на прва помош и реанимација на повредени.
„Секако дека не се целосно обучени парамедици, бидејќи за то е потребна неколкугодишна обука, но навистина ги имаат совладано основите на прва помош и реанимација на повредени, што е основата на трауматската нега“ објаснува инструкторот Роб Сутмајер.
Обуката за парамедици е според програмата PHTLS (Pre Hospital Trauma Life Support). Истат започна на 27 август, а ќе трае до 12 септември. После завршните испити кои ќе бидат спроведени утре, младите парамедици ќе се стекнат и со соодветен сертификат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град