Северна Кореја потврди дека извршила нуклеарна проба. Атомскиот тест е „успешен“, јави државната телевизија. Армијата на Јужна Кореја зборува за досега најсилна експлозија при нуклеарен тест на соседот.
Северна Кореја потврди дека извршила нуклеарна проба. Атомскиот тест е „успешен“, јави државната телевизија. Армијата на Јужна Кореја зборува за досега најсилна експлозија при нуклеарен тест на соседот.
Нуклеарната проба на Северна Кореја е петта по ред и мина „успешно“, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на севернокорејски државни медиуми. Како што се вели, во текот на тестот експлодирала „нова атомска боева глава“. Нуклеарната проба, според севернокорјеската државна агенција КЦНА, е доказ дека Северна Кореја е во состојба да монтира атомска боева глава на носачи на ракети.
Изутринава, меѓународните институци регистрираа земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала во регионот на севернокорејската зона за зивршување нуклеарни проби Пиунгие-Ри. Според проценките на јужнокорејските експерти, тој потрес може да е предизвикан од експлозија на бомба. „Сметаме дека се работи за нуклеарен тест“, изјави портпарол на јужнокорејското Министерство за одбрана.
Владата на Јужна Кореја го свика Националниот совет за безбедност на итна седница. Претседателката на државата Парк Геун Хие го обвини севернокорејското раководство за „манијакална безобѕирност“, со кој го забрзува „својот пат кон самоуништување“. Според Парк, однесувањето на Северна Кореја е провокација која ќе донесе поостри меѓународни санкции. Сеул ќе ги преземе „сите можни мерки“ за да го принуди Пјонгјанг да се откаже од атомската програма, рече јужнокорејската претседателка.
Јапонија, која размислува да поднесе барање за вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, најави испраќање специјални авиони кои би зеле проби од воздухот, за да се направи контрола на радиоактивноста.
Американскиот претседател Барак Обама го предупреди раководството во Пјонгјанг дека следуваат „сериозни консеквенции“. Обама разговарал телефонски со премиерите на Јужна Кореја и Јапонија, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ирнест. Американскиот претседател во наредните денови „и натаму ќе разговара со сојузниците и партнерите за на провокативните акции на Северна Кореја да се одговори со сериозни консеквенции“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град