Лансирана сондата OSIRIS-REX за рандеву со астероидот Бену

Американската вселенска агенција лансираше во четврток сонда на астероидот Бену, за кој астрономите велат дека би можел да претставува идна закана за Земјата.

 |   | 

Американската вселенска агенција лансираше во четврток сонда на астероидот Бену, за кој астрономите велат дека би можел да претставува идна закана за Земјата.

Сондата OSIRIS-REx е лансирана во 23.05 часот по GMT од космодромот во Кејп Канаверал, соопшти НАСА.

Ова е првата американска мисија што ќе земе примерок од астероидот.

Астероидот чиј дијаметар е поголем од висината на Емпајер Стејт билдинг, е откриен во 1999 година и било утврдено дека постои можност да помине премногу блиску до Земјата во 22 век.

Иако ризикот за Земјата е многу мал, НАСА и натаму го смета за еден од најопасните познати астероиди.

Сондата OSIRIS-REx ќе дојде до астероидот Бену во август 2018 година, а во 2020 година ќе му се доближи доволно блиску за да собере примероци со помош на роботска рака.

Се очекува сондата да се врати на Земјата во 2023 година.

Освен што ќе даде повеќе податоци за астероидите што би можеле да удрат во Земјата, оваа мисија ќе им помогне на научниците да ја истражат еволуцијата на Сончевиот систем и историјата на Бену во последните 4,5 милијарди години, наведува НАСА.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top