• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Започна револуција во фудбалот, за прв пат употребен VAR на средбата Италија-Франција

Започна револуција во фудбалот, за прв пат употребен VAR на средбата Италија-Франција

“Сведоци сме овде на историја, беше време да пробаме вакво нешто…”

 |  инфодеск  | 

Пријателската средба помеѓу Италија и Франција, одиграна во четвртокот во Бари, резултатски не беше важна, но ќе биде запишан како многу важен меч во историјата на фудбалот.

Имено, во средбата во која Франција славеше со 3-1, за прв пат е користена видео технологија за да помогне на судијата при носењето на одлуки и исправање на пропустите.

Видео технологијата официјално се нарекува Video Assistant Referees (VAR) и функционира на начин така што двајца судии ја прегледуваат снимката кои имаат директна врска со главниот судија и го советуваат како да постапи.

Своите импресии по средбата ги пренесе и претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

“Можевте да видите дека судијата во неколку наврати ја запре играта и чекаше совети од видео судиите кои ги прегледуваа снимките, за потоа да ја донесе одлуката. Сведоци сме овде на историја, беше време да пробаме вакво нешто бидејќи живееме во 2016 година. Со VAR системот сакаме да помогнеме на судиите и да ја заштитиме играта. По ова убаво искуство ни требаат уште тестирања да видиме како тоа ќе функционира. Ситуациите кога милиони гледачи гледаат очигледна грешка, а судиите не реагираат, сакаме во иднина да ги сведеме на минимум. Но, мораме да работиме и на тоа VAR да работи само на очигледни грешки за да нема негативно влијание на играта”.

Инфантино се надева дека VAR ќе биде во погон веќе на Светското првенство во Русија 2018.

Главниот судија на натпреварот беше Холанѓанецот Бјорн Кјуперс кој имаше позитивни впечатоци за VAR кој му помогнал во неколку ситуации.

ФИФА ќе продолжи со тестирање на VAR, но нагласено е и дека помошните судии нема да бидат заменети со VAR или било која друга технологија.

Следната прилика да се види VAR на дело е на 15 ноември во средбата помеѓу Италија и Германија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top