Владата на Мирек Тополанек падна

Европската комисија истакна дека очекува Европската комисија да го продолжи ефикасното претседателство со Европската унија, се наведува во декларацијата на ЕК по изгласаната недоверба на владата на Мирек Тополанек.

 |  Крсте Голабовски  | 
Mirek Topolanek
Мирек Тополанек

Европската комисија истакна дека очекува Европската комисија да го продолжи ефикасното претседателство со Европската унија, се наведува во декларацијата на ЕК по изгласаната недоверба на владата на Мирек Тополанек.

„Европа има потреба од силно водство во овие кризни времиња. А владата, која е претседателствива со ЕУ, а нема доверба, не може да биде лидер“, изјави претседателот на парламентарната група на најголемата партија во Европскиот парламент, Европската народна партија, Жозеф Дол.
На веста за падот на чешката влада реагираше и министерот за надворешни рабоити на Луксембург, Жан Аселборн, кој истакна дека со тоа се „отежнуваат стабилноста и имиџот на Европа.

Mirek TopolanekПо изгласувањето на недоверба на владата на Тополанек, чешкото претседателство со ЕУ соопшти дека ќе продолжи нормално да работи.
Чешка е ротациски претседател со ЕУ до 30 јуни, а на 1 јули ја наследува Шведска. Во согласност со Уставот на Чешка , Тополанек остваката треба да ја достави до претседателот Вацлав Клаус, кој ќе именува нов премиер, кој ќе формира нова влада.
Чешкиот Парламент синоќа и изгласа денеска недоверба на Владата на премиерот Тополанек. За недоверба на Владата се изјаснија 101 пратеник од 200-члениот Долен дом на Парламентот, што е минималното неопходно мнозинство. Пресудните гласови за падот на Владата на Тополанек ги дадоа четворица поранешни пратеници од владејачката коалиција, кои во меѓувреме станаа независни.

По серијата внатрешни спорови и разлики, чешката Влада на Граѓанската демократска партија, Христијандемократите и Зелените ја има поддршката од само 96 од вкупно 200 пратеници во Парламентот. Опозициските Социјалдемократи и Комунисти имаат 97 пратеници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top