Американскиот пливач ја пишува олимписката историја

Нов подвиг на најголемиот олимпиец на сите времиња

 |  инфодеск  | 

Најголемиот олимпиец на сите времиња, Американецот Michael Phelps во Рио отствари нов подвиг станувајќи прв пливач во историјата кој успеал да победи во иста дисциплина на четири последователни ОИ, тој го отствари тоа на 200 метри мешано.

Со златото од Атина 2004, Пекинг 2008 и Лондон 2012 го придодаде ова од Рио 2016 со уверлив настап во финалето во кое постигна време од 1:54:66 минути, што е за половина секунда поспоро од неговото најдобро време во таа дисциплина кога ја пливаше во Шангај пред пет години.

За Phelps ова е вкупно 26 медаља, а 22 златна. Во Рио стигна до четвртото злато, беше најдобар и на 200 метри пеперутка, и беше член на штафетите 4х100 и 4х200 слободно со кои освои злато.

Клучна се покажа делницата прсно во која Phelps влезе израмнет со сонародникот Ryan Lochte и Бразилецот Thiago Pereira , но по неа имаше повеќе од една секунда предност, а својата предност во последните 50 метри слободно само ја зголеми. Lochte и Pereira го платија жестокото темпо на почетокот на трката и паднаа на петто односно седмо место на целта.

Среброто го освои Јапонецот Kosuke Hagino со 1,95 секунди зад Phelps, а бронзата му припадна на Кинезот Wang Shun со 2,39 секунди зад Американецот.

Откако го прими новото злато Phelps замина во соблекувалната, а за неколку минути потоа беше во полуфиналната трка 100 метри пеперутка во која лесно избори финале во кое ќе го брка новото злато.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top