Меѓународниот олимписки комитет (МОО) на своето 129 заседание кое се одржа од 2 до 4 август во Рио де Жанеиро одлучи да воведе пет нови спортови за следните игри во Токио 2020 година, и тоа безбол/софтбол, карате, спортско качување, скејтбординг и едрење на даска. Ова е најголема промена на програмата во историјата на современите игри.
Спортовите ги предложи Организациониот одбор на ОИ Токио 2020 врз основа на Олимпискиот план 2020 усвоен во 2014 година која на домаќинот му овозможува за своето издание на игрите на МОО да му предложи нови спортови. Токио тоа го направи во септември 2015 година.
“Со оглед на тоа дека на младите им се овозможува голем избор, не можеме да очекуваме дека тие автоматски ќе се одлучат за нас. Ние мора да им се приближиме ним. Избалансираниот предлог на Организацискиот одбор ОИ Токио 2020 ги исполни сите цели на препораките за Олимпискиот план 2020. Овие пет спортови се иновативна мешавина од традиционални спортови и оние во развој, а усмерени се на младите”, рекол Томас Бах, претседателот на МОО.
Новите спортови нема да влијаат на бројот на натпреварувачи и дисциплини во постоечките олимписки спортови, ниту ќе бидат обврзувачки за идните изданија на игрите, но со нивно додавање прилика за настап на игрите ќе добијат нови 474 спортисти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град