Чавес го нарече својот колега Обама -„необразован“

Претседателот на Венецуела Уго Чавес, вчера изјави дека неговиот американски колега Барак Обама е „необразован“, затоа што тврди дека лидерот на оваа латиноамериканска држава шири тероризам и го запира развојот на Јужна Америка, пренесоа агенциите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ugo Chavez
Уго Чавез

Претседателот на Венецуела Уго Чавес, вчера изјави дека неговиот американски колега Барак Обама е „необразован“, затоа што тврди дека лидерот на оваа латиноамериканска држава шири тероризам и го запира развојот на Јужна Америка, пренесоа агенциите.

„Тој ме обвинува дека извезувам тероризам. Можам само да кажам дека е необразован, би требало малку повеќе да чита и да учи за да го разбере мојот ангажамн“, рече Чавес, водач на групата левичарски латиноамерикански лидери, противници на влијанието на САД во регионот.

Ugo ChavezОбама ова го изјави во интервју за американската мрежа на шпански јазик „Унивижн“.
„Навистина, какво незнаење. Вистинската пречка за развојот на Латинска Америка е империјата која Обама денеска ја предводи“, рече Чавес.
Тој додаде дека коментарот на Обама го натерал да ја промени својата одлука за враќање на венецуелскиот амбасадор во Вашингтон, откако го повлече од таму во текот на минатата година заради конфликтот со администрацијата на Џорџ Буш.

САД, исто така, го повлекоа својот амбасадор од Каракас.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top