На охридскиот пазар на трудот се бараат пекари, месари, архитекти, лекари.
Охридскиот пазар на труд од некои профили има потреба за вработување, а други пак занимања има вишок на кадар. И оваа сезона работодавачите имаат потреба од келнери, готвачи и рецепционери градежници, пекари, месари, архитекти, лекари, фармацевти. За угостителството е карактеристично што и понатака охридските угостители кои се едуцирале за овие занимања не се интересираат да најдат работа во овие дејности. Угостителите и хотелиерите ги пополнуваат овие работни места со лица од другите градови, информира директорот на Агенцијата за вработување Јован Баткоски. На листата на невработени се евидентирани 150 готвачи и 110 келнери, напоменува Баткоски.
„ Немаат волја, желба , а веројатно и капцитет за вклучување во работата , а и негативен став изграден кон работодавачите од таа сфера кои ги ангжираат сезонски и од работните услови кои ги даваат“, посочува Баткоски.
На пазарот на трудот, пак вработување чекаат голем број дипломирани правници и екомомисти, психолози, менаџери по туризам. Иако во здравствениот сектор недостасува медицинскиот кадар , медицинарите се одлучуваат на чекор да чекаат поволни вработувања за нив, вели Баткоски за оваа појава.
„ Најголем број од лекарите чекаат вработувања во јавното здравство и се надеваат на ангажман во јавното здравство. Приватните здравствени установи пак изјавуваат потреба од лекари и медицински сестри,“додава Баткоски.
Во охридската Агенција за вработување до месец јуни на евиденација се наоѓаат 4000 активни и 3000 пасивни баратели на работа, додека од општина Дебрца бројот на активните баратели на работа е 250 лица, информира директорот на агенцијата Јован Баткоски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град