Дваесетина деца ќе одат на летување преку Центарот за социјални работи.
Дваесетина деца ученици од основните училишта од Охрид ќе заминат на 7 дневно бесплатно летување во организација на центарот за Социјални работи.Ова а услуга може да ја искористат децата од семејства во социјален ризик и децата без родители. Од оваа година новина е што на бесплатно летување може да заминат и децата корисници на посебен додаток до 26 години. Сите тие имаат право да ја искористат оваа можност и како сите врсници да ги почуствуваат летните радости што ги носи ова годишно време.
„ Летувањата ќе бидат во еден од труистичките центри и услугите ќе ги користат децата родени од 2001 и 2006 година кои се редовни ученици во 5, 6, 7 ,8 и 9 одделение и децата корисници на посебен додаток до 26 години кои може да имаат и придружник со нив“ , информира Радмила Кевереска од Центарот за социјални работи.
Летувањето ќе биде во некое од детските одмаралишта, во смени од по седум дена со полн пансион, организиран превоз и придружба од воспситувач. Покрај забавата на вода тие ќе се едуцираат и спортуваат.
Центарот организира и зимувања во Крушево.
„ Децата се повеќе заинтересирани за летувањето, за зима нема поголема заинтресираност“, напоменува Кевереска.
За децата кои сакаат да заминат на летување немаа ограничувања во бројот на летувањата, а нити во бројот на деца од едно семејство кои ќе летуваат во некое од детските одмаралишта.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град