Градоначалникот Бакрачески на ифтар.
Ифтарот или вечерата за време на рамазанските пости синоќа ги зближи охриѓини од различни националности во градот. На плоштадот кај Чинарот на отворено ИВЗ и Локалната самоуправа организираа заедничка вечера. По залезот на сонцето и ударите на тапанот кој го означија почетокот на Ифтарот, граѓаните турци, албанци, египѓани и македонци не го криеја задоволството од заедничката вечера.
„ Со ова се потрдува дека заедничкиот живот е напредок за нашата држава, Ова е сплотенсот изаеднички живеење нем аподлеби ова е братсво и единство беа дел од коментарирте на присутните на вечерата.
Покрај големиот број на граѓани и претставниците на исламскат верска заедница од Охрид беше присутен и градоначалникот Никола Бакрачески со своите соработници. Бакрачекси кажа дека е горд што пред 4 години, во 2013 , започнале со организирање на заеднички ифтар, денес продолжува ,а посакува тоа да прерасне и во традиција. Задоволен е и од тоа што примерот на Охрид денес го следат и останатите градови во Македонија.
„Празникот Рамазан ги симболиизра заедништвото и постевноста кон Бога , традиционалнитевреднсот на човекоти заедниќкот живеење.Од тие причини сме сплотени тука и од старата Охриридска чаршија и упатуваме порака насекаде во Македонија ваквите настани да се користат за зближување на луѓето и подобро разбирање и комуникација“, кажа Бакрачески меѓу другото.
На плоштадот, синоќа на Ифтар, заеднички вечераа околу 300 до 350 граѓани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град