Шокантни тврдења на поранешниот претседател на ФИФА

Сеп Блатер ја шокираше светската фудбалска јавност со најновите изјави и обвинувања

 |  инфодеск  | 

Човекот, кој е протеран од фудбалот поради корупција и е сменет од местото претседател на ФИФА, излезе со шокантни изјави и обвинанија на сметка на УЕФА. Сеп Блатер за аргентинскиот весник La Nacion изјави дека бил присутен на ждрепка или ждрепки кои биле наместени.

Тој тврди дека такво нешто никогаш немало во ФИФА туку само во УЕФА, но не прецизира дали се работи за групи на ЕУРО, квалификации или пак Лига на шампиони. Аргентинскиот новинар до вакви изјави и обвиненија дошол со прашањето дали Аргентина имала наместена ждрепка на Светското првенство во Бразил кога во групати ги доби БиХ, Иран и Нигерија.

“Никогаш не сум ги допрел тие топчиња, но јасно е како може да се намести ждрепката. Ставете едно топче во ладилник и таа ќе биде поладна од другите. Ладни и топли топчиња, така се прави тоа”, тврди Блатер на кого му е тешко нарушен кредибилитетот поради фактот дека лидерите на ФИФА направија синоним за корупција во фудбалот.

Секако, овие изјави веднаш ја запалија фудбалската јавност бидејќи одамна постојат сомненија дека некои извлекувања се наместени. Блатер игра на картата дека под негово водство тоа не се случувало, но дека тоа се случувало во Европа чии сојузи го тргнаа него од власт.

Во Шпанија е најлесно да се подпадне под теориите на заговор па така во мадридските весници веднаш тргнаа шпекулации околу овие обвинувања. На многумина им е чудно како Реал Мадрид од година во година има среќа во ждрепката на Лигата на шампиони па пречесто во ¼ финалните мечеви ги добива Шалке или Волфсбург.

Посебно сите се фатиле за снимката од минатата година кога Хавиер Занети наместо да ги промеша топчињата веднаш зеде една и со неа ги мешаше останатите. Внатре било името на Реал Мадрид, а како противник ја доби Рома. Но, вакви теории има повеќе и тешко дека можат да се докажат. Блатер само разгоре стар оган во манирот “тие се виновни, јас сум чист”.

Она што е најлудо во целата приказна е токму тоа што наследник на Блатер е Џани Инфантино синонимот за фудбалските ждрепки во УЕФА.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top