Започнува пролетниот семинар на физиотерапевтите на Македонија

Во периодот од 10.06.-12.06.2016 година во Охрид ке се одржи Традиционалниот пролетен семинар во организација на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија.

 |   | 

Во периодот од 10.06.-12.06.2016 година во Охрид ке се одржи Традиционалниот пролетен семинар во организација на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија.

Со цел да се подигне нивото на физиотерапевтите во Македонија со зголемување на бројот на методи и техники од областа на Физиотерапијата ЗФРМ за оваа година на Традиционалниот пролетен семинар ке одржи работилница за “ Connective tissue massage “
Работилницата ке ја одржи нашата долгогодишна пријателка Беате Кариере (САД) .Овој семинар традиционално се одржува повеќе од 15 години скоро секогаш во истиот период во град Охрид во организација на Здружението на Физиотерапевти на Македонија , а во последните 10 години специјален гостин на семинарот е нашата долгогодишна пријателка Беате Кариере.

Беате Кариере е сертифициран физиотерапевт за голем број физиотерапевтски техники меѓу кои, Бобат техника,функционална кинетика, мануелен лимфен терапевт.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top