И македонците ги има во „Panama papers“

На интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде станаа достапни материјалите наречени „Панамските документи„, од Македонија се појавија три лица: Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски, пренесува „еМагазин“.

лого

 

На интернет страницата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, каде станаа достапни материјалите наречени „Панамските документи„, од Македонија се појавија три лица: Роланд Златку, Слободан Спасовски и Александар Пановски, пренесува „еМагазин“.

логоСпоред податоците на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, Пановски се поврзува со компанијата „Ориент Оил и Гас Лимитед“, која е регистрирана на адреса на Британските Девствени Острови. Спасовски се поврзува со компанијата „Фисн Дел Лимитед“, регистрирана на Сејшелските острови, а Роланд Златку се поврзува со компанијата „Енистон Девелопмент корпорејшн“, со адреса во Шангај, Кина, а регистрирана на Девствените Острови.

ПОСЕДУВАЊЕТО НА ОФШОР ФИРМА, НЕ ЗНАЧИ И НЕЛЕГАЛЕН БИЗНИС

Уште по првичното објавување на мега-аферата на Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи, „Панамските документи“, беше посечено од страна на истражувачите, дека поседување на офшор компанија некаде низ светот, не е нелегално. Компаниите најчесто избираат офшор дестинација за регистрирање таму поради ниските даноци и давачки. Треба да се напомене и дека компаниите и лицата кои ги објави Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи се поврзани само со една правна офшор фирма, Mossack Fonseca, четврта по големина во светот

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top