Спортскиот арбитражен суд (CAS) објави дека ја намалил суспензијата за сите активности поврзани со фудбалот од шест на четири години за претседателот на Уефа, Мишел Платини, додавајќи дека првобитната одлука на Фифа била престрога, а истовремено Платини поднесе оставка на местото претседател на Европската фудбалска федерација.
Французинот претходно објави дека поднел жалба на суспензијата која му ја додели Фифа и дека ќе поднесе оставка на функцијата ако жалбата успее. Денес по одлуката на CAS рекол дека поднесува оставка за да може да ја продолжи својата битка пред швајцарските судови.
Фифа на 21 декември донесе одлука со која го суспендира Платини и му ги забранува сите активности поврзани со фудбалот на осум години, но таа казна по жалбата е променета на шест години.
CAS ја признала веродостојноста на усмениот договор кој го направиле Фифа и Мишел Платини за исплатата од 1,8 милиони евра, но не бил уверен и за легитимноста на таа исплата која Платини ја направил за Јозеф Блатер, тогашен претседател на Фифа.
CAS, исто така ја намалил и паричната казна на Платини од 80.000 швајцарски франци на 60.000.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град