Синот на возачот на автобуси, сега е градоначалник на Лондон

Садик Кан стана првиот муслимански градоначалник на Лондон, кој е всушност, Садик Кан?

sadik

Садик Кан стана првиот муслимански градоначалник на Лондон, кој е всушност, Садик Кан?

Скромни почетоци 

Кан (45) бил роден на југот од Лондон. Неговиот татко од Пакистан бил возач на автобус, а неговата мајка била шивачка. Тој пораснал со седум браќа и сестри. Кан за време на изборната кампања изјавил дека се кандидирал за градоначалник бидејќи сакал „сите лондончани да ги имаат можностите кои градот ми ги даде мене“.

Адвокат за човекови права 

Кан студирал право на универзитет во Лондон и работел како адвокат за човекови права повеќе од една деценија. Тој станал најмлад советник во Лондон кога бил избран на 23-годишна возраст. Бил и на чело на организација за човекови права во Англија и Велс три години. Кан бил министер за транспорт од 2009 до 2010 година. 

Практикува ислам 

Иако го практикува исламот, тој гласал за легализација на истополовите бракови во 2013 година, поради што добил закани од екстремисти, според одредени медиуми. Тој не пие алкохол, но посетува пабови. Тој се оженил со адвокатката Садија Кан во 1994 и двајцата имаат две ќерки. Тој станал првиот муслимански член на парламентот во Лондон во 2005. Тој ја напишал книгата „Fairness Not Favours – How to connect with British Muslims“ три години подоцна. 

sadikБил цел на негативна кампања 

Ривалот на Кан, Голдсмит, беше обвинет за започнување негативна кампања со поврзување на Кан со екстремисти. Кан никогаш не го негирал фактот дека се соочувал со „комплицирани ликови“ за време на неговата работа како адвокат и директор на организацијата за човекови права. 

Контроверзии 

Неодамна била објавена снимка од Кан кој им се обраќа на муслимани како „Вујко Том“ (афро-американец кој е исклучително послушен), за време на интервју на ирански канал во 2009. Кога го прашале за муслиманите во борбата против екстремизмот, тој рекол: „Не можеш дасамо да одбереш со кого ќе зборуваш; не можеш само да зборуваш со вујковци Тим. Не можеш само да зборуваш со луѓе кои зборуваат она што сакате да слушнат“. Кан подоцна рекол дека згрешил користејќи ја оваа фраза.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top