Бројот на заболени од астма расте и во светот и кај нас.
Астмата е сериозно здравствено заболување кое има тенденција на пораст и кај нас и во светот. Астмата се карактеризиа со стеснување на дишните патишта, а лековите кои се земаат го олеснуваат воспалителниот процес на дишните канали. Д-р Валентина Милошевска, специјалист интернист при ЈЗУ Општа болница – Охрид, од секојдневната пракса од нивниот центар за астма, укажува дека од астма се почесто на удар се жените, а има и повеќе прични за појава на ова заболување.
„ Во нашата установа е формиран центар за астма кој постои 10 години. Тука гравитраат заболените од астма од Охрид и соседните општини Струга, Дебар и Ресен. Последната година се поминати од 1200 до 1300 болни од астма, некои пациенти се повторуваат бидејќи астама е хронично заболување, но се некаде околу 1000 заболени од астма“, посочува д-р Милошевска.
Астмата е хронично, долготрајно заболување кое се карактеризра со свирење и стегање во градите, пропратено е со кашлица, а симптомите се поиразени ноќе. Нападите може да се опасни и по живот. За среќа, таквите напади денес се поретки затоа што има современи лекови кои ја третираат астмата за да не дојде до такви влошувања, напоменува д-р Милошевска.
„ Кај нас се води контрола со прегледи, се прави Златен стандард за докажување на астмата, спирометриски прегледи. Пациентите се третираат со современа терапија како секаде во светот, добиваат хронична терапија која треба да ја користат постојано и кога немаат проблеми, а се применуваат и олеснувачи при напади по потреба,“ вели специјалистот интернист.
Денешниот ден се одбележува како светски ден за борба против астмата. Во светот бројот на заболените од астма ја достигнува бројката од 300 милиони. За нејзината појава има повеќе фактори меѓу кои најчесто се наследниот фактор, алергените во пролет, домашните животни со крзно, пушењето и загадената животна средина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град