Бројки кои откриваат за какви “војници” се работи

Атлетико Мадрид дојде до уште една победа на својот препознатлив начин

 |  инфодеск  | 

Атлетико во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампиони го победи Баерн Минхен со 1-0 на својот Винсенте Калдерон. Тоа беше 33 натпревар од вкупно 52 оваа сезона во која екипата на Диего Симеоне не прими гол. Воедно, дали ова некој го сака или не, не може да се демантира дека тие имаат идентитет кој ги краси во секој натпревар.

Од моментот кога Симеоне седна на клупата на Атлетико, неговата екипа од 256 натпревари во 135 ја сочувале мрежата недопрена. Најинтересно е тоа што под негово водство Атлетико во Лигата на шампиони никогаш не примил погодок во првите 60 минути. Моментално се поминати 467 минути од примањето на последниот гол.

Сето ова открива каква борбена екипа направи харизмаитичниот Аргентинец, додека на социјалните мрежи има само пофалби на сметка на неговите играчи. Тие можеби не играат атрактивно, не ги интересира поседот на топката, но тие се во состојба да ја урнат секоја екипа на светот и тоа никој не може да го оспорува.

Во овој момент се наоѓаат во добра ситуација по 2014 година и повторно да се најдат во финалето на Лигата на шампиони, а таму би можел да ги пречека стариот ривал Реал Мадрид, екипа од која го загубија тоа кобно финале. Но, за Симеоне и друштвото ништо не е невозможно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top