Теквондистите од клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид викендов настапија во Нитра, Словачка, на еден од најсилните турнири во централна Европа.
На турнирот кој се одржа во саботата учествуваа клубови од 10 земји: Република Македонија, Чешка, Словенија, Молдавија, Романија, Узбекистан, Србија, Унгарија, Полска и Словачка.
– На овај турнир охридските спортисти, под водство на Марјанчо Лазаревски и Зоран Донев, ја збогатија нашата држава со 16 медали, од кои 6 златни, 5 сребрени и 5 бронзени. Членовите на нашиот клуб учествуваа во 3 дисциплини: форми, спаринг поединечно и спаринг екипно и деца 12-13 години, велат од клубот.
Резултати форми:
– Миле Климоски – злато
– Давид Крстески – бронза
– Јане Димов – бронза
Спаринg (борби) поединечно:
– Елена Јанеска – злато (4-ти по ред во спаринг)
– Јана Спасеска – злато
– Марио Крстески – злато
– Давид Крстески – злато
– Јане Димов – злато
– Миле Климоски – сребро
– Божидар Димитриевиќ – бронза
– Александар Јованоски – брозна
– Давид Велковски – бронза
Спаринг екипно:
– Антонио Јанески – сребро
– Христијан Митрески – сребро
– Божидар Димитриевиќ – сребро
– Христијан Митрески – сребро
Ова е втор турнир за Теквондо клубот „Хваранг ИТФ“ од кој сите натпреварувачи се враќаат со злато и се надеваме дека и во иднина ќе носиме успеси. Најголем успех за нас е оној во екипно борби, затоа што тука доаѓа до израз квалитетот на екипата. Во финале бевме оштетени од страна на судиите на првата борба со тоа што пресудија нерешено за Божидар Димитриевиќ, иако беше доминантен во борбата. Потоа Антонио Јанески победи атрактивно, додека Христијан Митрески изгуби за нијанса. Во продложението на турнирот Божидар повторно беше оштетен и Унгарците го зедоа првото место, додека претходно од страна на нашите натпреварувачи беа елиминирани екипите на Молдавија и Чешка, информираат од Теквондо клубот „Хваранг ИТФ“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град