Организацијата Доктори без граници соопшти дека нејзините доброволци третирале околу 300 луѓе поради проблеми со дишењето и повреди од пластични куршуми по судирите со македонската полиција која ги спречи да ја прескочат оградата на македонско грчката граница.

Најмалку шестмина биле хоспитализирани. Македонската полиција соопшти дека 23 членови на безбедносните сили биле повредени, меѓу кои петмина потешко. До ова дојде во близина на дивиот камп Идомени каде што има над 11 илјади мигранти. Балканските држави ја затворија мигрантската рута кон северот на Европа кон средината на февруари годинава.
Пред насилствата група од 500 луѓе реагирале на гласовите дека границата ќе била повторно отворена. Откако тоа било демантирано од македонската полиција стотина мигранти, вклучувајќи и деца, се обиделе да се искачат на оградата по што биле одбиени.
Грчката полиција воопшто не интервенирала. Грчките власти оценија дека употребата на сила од македонската полиција е „опасен и жален чин“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град