Собранието се распушти, СДСМ не оди на избори

СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на прес-конференција. Според него, тие избори ќе бидат лажни. Тој рече дека Договорот од Пржино беше потпишан за да се обезбеди принципот „еден човек еден глас“, но оти избирачкиот список не се прочистува, не се носат реформи во медиумите и не прекинуваат притисоците, пренесува Радио слободна Европа.

kuti

СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на прес-конференција. Според него, тие избори ќе бидат лажни. Тој рече дека Договорот од Пржино беше потпишан за да се обезбеди принципот „еден човек еден глас“, но оти избирачкиот список не се прочистува, не се носат реформи во медиумите и не прекинуваат притисоците, пренесува Радио слободна Европа.

zaev„Без слободни избори, нема слобода. Со месеци заедно се боревме за слобода, но Никола Груевски постојано го рушеше Договорот од Пржино. Или Груевски или Македонија“, рече Заев на прес-конференцијата во партиското седиште.

Тој ги повика сите граѓани заедно да застанат во одбрана на демократијата.

„Таму каде мртвите гласаат, каде партиски послушници ги крадат изборите на вистинските гласачи, таму нема слобода. Демократска Македонија ова нема да го дозволи“, рече Заев.

Тој рече дека ќе разговараат со нивните членови во ДИК и извесно е дека ќе ги повлечат од Комисијата.

Што се однесува до тоа дека Собранието не ги констатираше оставките на министрите од СДСМ, Заев рече дека некој се дрзнал да ги држи во заложништво и да бидат во Влада која има намера да спроведе криминални избори, но СДСМ тоа нема да го дозволи. Претседателот на СДСМ рече дека цел ден биле во контакт со претставници на меѓународната заедница и дека тие биле запознаени со одлуките на СДСМ.

„Не можам да кажам дека Договорот од Пржино е мртов, но знам дека Собранието се распушти без да бидат исполнети минимум условите согласно Договорот“, рече Заев.

Претходно Собранието се распушти, откако претседателот Трајко Вељаноски рече дека заврши мандатот на овој состав. На седницата која траеше околу 10 минути не беа констатирани оставките на министрите и замениците министри од СДСМ. На седницата не беа присутни пратениците од опозициската коалиција предводена од СДСМ.

sobranie„Завршува мандатот на овој пратенички состав. Би сакал да ви се заблагодарам и да ви посакам среќа и успех на личен и професионален план. Овој мандатен период и овој парламентарен состав помина низ тешки премрежија, но реализиравме и конкретни резултати во градење на стабилна сегашност и подобра иднина“, рече Вељаноски.

Собранието се распушти согласно одлуката што ја изгласаа пратениците на 23 февруари со цел одржување предвремени парламентарни избори на 5 јуни.

Со договорот од Пржино од јуни/јули 2015 година постигнат од четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА со посредство на ЕУ и САД, беше договорено изборите да се одржат на 24 април, но оваа одлука беше сменета на предлог на ДУИ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и изборите беа одложени за 5 јуни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top