„Охридско лето“ доби нов директор

Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која и заврши четиригодишниот мандат.

Oliver

oliverОливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која и заврши четиригодишниот мандат.

Во периодот од 2007 до 2010 година, Арсовски беше директор на Македонската опера и балет, а во два наврати, во 2014-та и 2015-та година беше уметнички директор на познатиот фестивал на забавна музика „Макфест“.

Сите вљубеници во културата, годинава во периодот од 12-ти јули до 20-ти август ќе ја проследат програмата на 56-то издание на престижниот фестивал „Охридско лето“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top